Одложена оставката на Заев

од Берта Китинска
348 прегледи

Одложена е оставката на Зоран Заев на лидерската функција во СДСМ пред партиските органи, откако партијата соопшти дека вечерва нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор поради трагедијата што се случи во Бугарија.

„СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и целиот наш народ“, соопштуваат од партијата.

Седниците беа закажани на барање на Заев, кој најави дека ќе бара признавање на оставката, најавена на 31 октомври, по вториот круг од изборите и лошите резултати на владејачката коалиција.