Одложена седницата за Законот за работни односи

од Nikola Popovski
137 прегледи

Денеска се одложи седницата на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, на која требаше да бидат разгледани измените на Законот за работните односи.

На собранискиот сајт иако беше најавена од службите, подоцна известија дека седницата се одложува без да прецизираат кога ќе продолжи.

Законот предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес.

Политичката партија Левица претходно поднесе 1.111 амандмани за предложените измени на Законот за работните односи.

Оттаму велат дека со овие измени се прави обид неуставно, работната недела од 40 часа се зголемува на 60 часа и работниците да работат и во недела.

Слични содржини