Одложени следните две рочишта за „ТНТ“

Ова денес, како и следното рочиште за случајот „ТНТ“ нема да се оддржат, поради како што информираа од Основниот кривичен суд од Скопје, здравствени проблеми на надлежнио обвинител. Поради тоа, продолжението на главната расправа ќе биде закажано откако за тоа ќе бидат создадени услови.

„ТНТ“ е случај кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ во сопственост на Фијат Цановски.

За ова дело обвинението терети повеќе лица, меѓу кои и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и тогашниот градоначалник на општината Гази Баба, Тони Трајковски и поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство.

Рочиштето за овој предмет беше одложено и на 28. октомври бидејќи обвинетиот Миле Јанакиески доставил решение за самоизолација поради контакт со заразен со ковид-19.

Слични содржини