Одложено гласањето за лидер на Каталонија, како и враќањето на Пучдемон

од desk2
115 прегледи

Спикерот на каталонскиот парламент Рогер Торент ја одложи расправата на регионалното собрание на која требаше да биде реизбран Карлес Пучдемон за лидер на новата влада, со што се одложи и неговото контроверно враќање во земјата.

Но, Торент го брани правото на Пучдемон да биде реизбран за каталонски лидер и покрај тоа што судот забрани, по изборите од декември на кои сепаратистичките партии победија и поранешниот лидер беше официјално номиниран за кандидат за претседателство.

„Денешната пленарна седница е одложена“, рече Торент пред новинарите, велејчи дека тој сака да се осигура дек аќе има ефективна дебата пред парламентот да ја донесе одлуката.

Пучдемон, кој ја напушти Каталонија и замина за Белгија, откако Каталонија прогласи независност во октомври, се соочува со можност од апсење, ако се врати во Шпанија за да ја води сесијата во богатиот североисточен регион дом на 7,5 милиони луѓе.

Каталонските пратеници беа подготвени да го изгласаат за лидер денеска, но шпанскиот суд во саботата, одговори на тужбата поднесена од централната влада, во која се бара Пучдемон да биде присутен на седницата на која би бил избран, без разлика на исходот од гласањето.

Судот предупреди дека доколку Пучдемон положи заклетва преку видоконференциска врска, тоа нем да биде валидно.

Судот одлучи дека Пучдемон мора да се обрати до Врховниот суд кој ја води истрагата за неговата улога во осамостојувањето на Каталонија за дозвола тој да присуствува во собранието.

Откако ја одложи седницата Торент ја бранеше кандидатурата на Пучдемон.

„Нема да предложам друг кандидат. Тој ги има сите права да биде реизбран“, рече Торент.