(ВИДЕО) Одложено судењето за “Пуч”, Јанева побара одлагање за да ги разгледа доказите

од desk3
141 прегледи

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави на судењето на Зоран Заев за случајот „Пуч“.

janeva

Таа побара одлагање на судењето за месец март, со цел да ги разгледа доказите. За случајот „Пуч“ е закажано ново рочиште за 2 март, а целиот тим на Катица Јанева ќе врши увид во случајот.

На излегување од судот лидерот на СДСМ кусо изјави дека целата 2015 год. била потррошена само на излез на вистината.

„2016-та е година кога ќе се врати правдата, ќе има економски натпревар и ќе се димензираат економските текови во Република Македонија, со промена на власта на наредните парламентарни избори“, рече Заев.

Судењето кое првично беше закажано во август минатата година постојано се одложуваше се до преземањето на случајот од специјалното обвинителство кога и Заев се појави во судница. Дотогаш лидерот на опозицијата не доаѓаше на рочоиштата.

zaev-grujo

Покрај Заев во „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР. верушевски по барање на СЈО беше ослободен од притвор.