Одлуката на ДС да премине во опозиција не менува ништо, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski
113 прегледи

СДСМ денеска ја коментираше одлуката на Демократскиот сојуз (ДС) да ја напушти владината коалиција и дејствува понатаму како опозиција.

-Одлуката на Демократскиот сојуз да премине во опозиција во суштина не менува ништо, владината коалицијата и парламентарно мнозинство се силни и стабилни и успешно ќе може да продолжат да ги носат важните закони во Собранието за реформите во економијата и за европскиот пат на државата, соопштија од партијата.

Од „Бихаќка“ го поздравуваат тоа што ДС и пратеникот Павле Трајанов и понатаму го поддржуваат европскиот пат на државата.

-Ова е важно за иднината на нашата земја. СДСМ и владејачкото мнозинство е отворено за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат, порачаа од СДСМ.

ДС вчера соопшти нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и дека го напушта парламентарното мнозинство, соопшти претседателот на партијата и единствен пратеник од партијата во Собранието, Павле Трајанов.

Според него, причината е неисполнувањето на програмските цели зацртани и договорени со владеачката СДСМ пред изборите во 2020 година.

Слични содржини