Одлуката за екстрадицијата на Асанж на почетокот на јануари

од Vladimir Zorba

Британскиот суд ќе ја објави одлуката за екстрадиција на Џулијан Асанж на 4 јануари, потврди судијата што го водеше случајот.

Британски судија најави дека ќе ја објави одлуката дали ќе биде испорачан Асанж во САД на 4 јануари следната година.

Екстрадиција на основачот на Викиликс бараат САД, кои, меѓу другото, го обвинуваат за шпионажа.

Соединетите држави го товарат Асанж за 18 точки за хакирање на владини компјутери и кршење на законите за шпионажа. Доколку биде осуден, тој би можел да помине децении во затвор.

Основачот на Викиликс се наоѓа во затворот Белмарш од присилното прекинување на азилот во Еквадорската амбасада во Лондон, каде преовладуваат високи безбедносни мерки.

Основната причина за останување во дипломатската мисија на Еквадор беше да се избегне екстрадиција во САД.

Судот во Лондон го започна сослушувањето за екстрадицијата на Асанж во САД во февруари годинава.

Слични содржини