Премиерот Зоран Заев денеска повторно потенцираше дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.
-Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори, истакна Заев.