Одлуката за одобрување на вакцината на „Фајзер“ по 10 декември

од Stefanija Kuzmanovska

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) има намера да донесе одлука за одобрување на вакцината на „Фајзер“ против коронавирус во рок од неколку недели од клучниот состанок закажан за 10 декември, според официјалните претставници на агенцијата.

„Ќе биде прашање на недели“, рече д-р Питер Маркс, директор на Центарот за биолошко проценување и истражување на Управата за храна и лекови на САД.

„Можно е да биде за неколку дена, но нашата цел е да се осигураме дека тоа е безбедно во рок од неколку недели“, додаде тој.

„Не можам да ви дадам точен датум кога ќе добиеме одобрување за итна употреба, затоа што мораме да го сториме тоа правилно. Ние очигледно ќе работиме да го направиме тоа што е можно побрзо“, додаде д-р Маркс.

Советодавниот комитет на ФДА за вакцини и сродни биолошки производи, панел од независни експерти, треба да се состане на 10 декември за да разговараат за пријавата за одобрување за итна употреба поднесена од компанијата „Фајзер“, пишува Си-Ен-Ен.

Слични содржини