Ова значи официјално влегување на  сила на укинувањето на интернет неутралноста.

 Интернет гигантите го повикуваат Конгресот на САД да го блокираат поништувањето на неутралноста на интернет

Потсетуваме дка  во средината на декември 2017 година Федералната комисија за комуникации гласаше за укинување на принципот за еднаков пристап до интернет за сите во САД . Тројца републиканци против двајца демократи гласаа за укинување на правилата од ерата на претседателот Барак Обама, кои им забрануваат на давателите на интернет вештачки да го блокираат или намалуваат интернет сообраќајот, како и да сакаат да се плаќа за побрз интернет.

Конгресмените, компаниите и граѓаните се обидоа да го покренат случајот на суд. Од десетици организации се очекува да ја оспорат одлуката на судот за откажување. Технолошките гиганти како Airbnb, Reddit и Vimeo ја повикаа Комисијата да не ги укине правилата за 2015 година.

 Ако не успеат да ја  блокираат одлуката со закон или судска одлука, промената ќе стапи на сила по 60-дневен период. Тоа ќе стане закон  и ќе стапу на сила од 23 април 2018 година.

Според планот на Пита комисијата ќе бара од интернет провајдерите да бидат транспарентни во однос на практиките, така што корисниците ќе имаат можност да купат тоа што ним најмногу им одговара.  Пеј смета дека со предлогот федералната влада на Соединетите Американски Држави ќе ” запре микро-управување со Интернет”.