Директорите на БЈБ и на УБК како и државниот секретар денеска преку телеграми му одговорија на техничкиот министер Оливер Спасовски дека се должни да ги почитуваат одлуките на Владата.
Нивната реакција следи по телеграмата на Спасовски кој им се закани на вработените во МВР дека ќе одговараат порадис проведување илегални одлуки.
Тие се повикуваат на члнот 13 ст. 1 алинеи 1,2 и 3 од Законот за организација и работата на органите на државната управа каде се вели:
2. Надлежност на органите на државната управа
Член 13
Органите на државната управа постапувајќи во рамките на своите
надлежности во согласност со Уставот, законите и ратификуваните
меѓународни договори:
1) ја спроведуваат политиката на извршувањето на законите и другите
прописи на Собранието на Република Македонија и прописите на Владата
на Република Македонија (во натамошниот текст: Влада);




Но сепак тие не го наведуваат членот 11 и 12 од главата II. ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТ НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА каде таксативно се наведени органите на државната управа а тоа се министерствата:
1. Организација на органите на државната управа
Член 11
(1) За вршење на функциите на државната управа се основаат следниве
министерства:
1. Министерство за одбрана;
2. Министерство за внатрешни работи;
3. Министерство за правда;
4. Министерство за надворешни работи;
5. Министерство за финансии;
6. Министерство за економија;
7. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
8. Министерство за здравство;
9. Министерство за образование и наука;
10. Министерство за труд и социјална политика;
11. Министерство за локална самоуправа;
12. Министерство за култура;
13. Министерство за информатичко општество и администрација
14. Министерство за транспорт и врски и
15. Министерство за животна средина и просторно планирање.
Член 12
(1) Како самостојни органи на државна управа се основаат:
– Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи;
– Агенција за млади и спорт;
– Агенција за иселеништво;
– Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
(2) Како управни организации се основаат:
– Државен архив на Република Македонија;
– Државен завод за геодетски работи и
– Државен завод за статистика.
И сега се поставува прашањето од кога директорите на УБК, БЈБ и државниот секретар станаа орган на државата, а МВР претставувано од министерот не е орган наведен во законот?
