Ароматерапијата помага во воздухот да се разнесат ароматизирани честички благодарение на кои се релаксираме, смируваме и полесно заспиваме.
Различни етерични масла имаат различна намена во ароматерапијата, а следниве три помагаат побрзо да се опуштите и полесно да заспиете.
Лаванда
Маслото од лаванда има долговековна примена и е едно од најпопуларните етерични масла. Во Стар Рим го користеле како антисептик.
Неговите ефекти се: смирување, орасположување, смирување на стресот и депресијата, може да се користи како антигабично и антибактериско средство, ја олеснува мигрената и ги смирува симптомите на ПМС.
Камилица
Камилицата е позната и по лековитите и по смирувачките својства. Многу често ќе прочитате дека чајот од камилица помага полесно да заспиете.
Етеричното масло од камилица смирува, го намалува стресот, помага при главоболки и мигрена, а има и антивоспалителни својства.
Иланг-иланг
Во ароматерапијата се користи долго време, додека лековитите својства биле откриени во текот на минатиот век. Во првите пет години дрвото не цути, но потоа може да даде и до 45 килограми цвет годишно.
Аромата на иланг-иланг помага при несоница, го стабилизира крвниот притисок и е одлично кога треба да се изборите со напнатоста и растревоженоста.