Неколкудневните интензивни врнежи од дожд, создадоа планински буици со голема водна енергија и моќност што поткопаа и разнесоа делови од регионалниот пат Маврово – Галичник, на неколку стотини метри пред месноста Царева Чешма од насоката кон Галичник.

Екипа на ЈП „Македонија пат“ успеа да ја пренасочи буицата од патот, која носеше дрвја и камења, а со тоа го спречи понатамошното руинирање на патот.
Во наредниве ден-два местото каде што буицата разнесе дел од патот, како што ни изјави Александар Костиќ, местото ќе го посети стручна екипа на ЈП „Македонија пат“, која ќе изработи проект за санација и веднаш ќе се пристапи кон работата. Во спротивно, новите врнежи од дожд и снег, ќе нанесат големи штети.
Според мислењето на лицата што учествуваа во пренасочувањето на буицата, на претставниците на мавровската и гостиварската секција на „Македонија пат“ и на месната заедница Галичник, треба без одложување, веднаш да се интервенира, за да се спаси патот со помалку вложени средства. Ако се одложи за напролет, штетите ќе бидат многу поголеми./Нова Македонија