Одобрен собир на неонацисти во Берлин

од desk2
61 прегледи

Германската полиција им одобри на екстремните десничари утре во Берлин да одржат собир по повод 30 години од смртта на Рудолф Хес, десната рака на Адолф Хитлер и заменик шеф на Националсоцијалистичката партија.


Хес беше заменик на шефот на нацистичката партија се додека не беше заробен во 1941 година.
Берлинската полиција порача дека учесниците на собирот можат да маршираат, но дека не смеат да го величаат Хес, кој умре во затвор во Спандау пред 30 години.

На неонацистите им е дозволено да носат транспаренти, но само по еден на 50 учесници, а воена музика е строго забранета.

„Се што е застрашувачко е забрането“, вели Свен Рихвин, адвокат од Берлин.

Тоа значи, палки. Кациги и штитови како што носеа неонацистите на протестите во Шарлотсвил минатиот викенд, нема да бидат дозволени во Германија.

Полицијата веднаш ќе реагира ако чуе отворени антисемитистички слогани или повици, иако напорите ќе бидат насочени да се приведат поединци, а не да се прекине целиот собир.

Се очекува дека пред некогашниот затвор во местото Спандау, во западен Берлин, ќе се соберат околу 1.000 контра демонстранти.

Хес од се уште неутврдени причини заминал во Шкотска во мај 1941 година, наводно да преговара за мир со Англија. Веднаш е уапсен префрлен во затвор. Се обесил во затворската келија на 17 август 1987 година на возраст од 93 години. Околностите на смртта се тајна, а според некои го убиле Англичаните.

Затворот по смртта на Хес е демолиран за да не стане место каде ќе се собираат неонацистите и таму е изграден трговски центар. Сепак тој се уште е предмет на обожување.