Одобрени две измени во вакцината на „Модерна“

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) одобри две измени во вакцината против коронавирус на компанијата „Модерна“, што може да обезбеди побрзо производство и имунизација на населението во САД.

АП известува дека ФДА соопштила дека вчера одобрила нови шишиња на вакцината на „Модерна“, кои можат да содржат до 15 дози во споредба со оригиналните шишиња дизајнирани да содржат 10 дози.

Покрај тоа, регулаторот на САД потврди дека до 11 дози можат безбедно да се користат од постојните пакувања од 10 дози и предупреди дека без соодветни шприцеви и игли можеби нема да може да се извлечат повеќе од 13 дози од шишињата на „Модерна“ со 15 дози и повеќе од 10 дози од моменталните шишиња и овие промени ќе бидат додадени на упатствата на ФДА за здравствените работници, соопшти агенцијата.

АП пренесува дека „Модерна“ најавила дека планира да започне со испорака на нови шишиња со 15 дози во наредните недели, и дека истовремено нејзината вакцина ќе биде испорачана во шишиња што содржат 11 или 15 дози.

Овие промени, потврдени од ФДА, треба да помогнат во зголемувањето на резервите и да се забрза вакцинацијата, бидејќи претседателот Џо Бајден вети дека ќе обезбеди доволно дози за да ги имунизира сите возрасни во САД до крајот на мај и неодамна постави нова цел, 200 милиони вакцини во првите 100 дена од неговата администрација.

Слични содржини