305
На осомничениот за масовното убиство кај Младеновац и Смедерево му е одредена мерка притвор до 30 дена, јави „РТС“, повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство во Смедерево.
Тој во саботата го признал извршувањето на кривичните дела, наведувајќи, меѓу другото, дека со автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица на три локации, на територијата на Смедерево и Младеновац – во Мало Орашје и Дубона. Како што изјави, тоа го направил за да го исплаши населението, соопштија од тамошното обвинителство.
Осомничениот Урош Блажиќ е обвинет дека со автоматско оружје уби осум лица и се обидел да убие уште 12 лица во доцните вечерни часови на 4-ти мај на територијата на Смедерево и Младеновац, се наведува во соопштението.