296
Во Вишото јавно обвинителство Смедерево денеска бил извршен распит со Радиша Б.(54), таткото на Урош Б.(21), кој минатата недела уби осум и рани 12 лица во селата кај Младеновац, Србија.
Тој на рочиштето во обвинителството ја негирал вината.
Обвинителството по рочиштето предложило да му се одреди притвор до 30 дена.
Притворот му е одреден поради сомнение дека ќе се меша во постапката со влијание врз сведоците чие испитување претстои во истрагата и дека ќе го повтори кривичното дело, како и поради вознемирување на јавноста.
Да потсетиме, при апсењето на таткото осомничен за масакрот во селата кај Младеновац, запленето е големо количество оружје.