ПОДИГНАТО ОБВИНЕНИЕ поради масакрот кај Младеновац: Покрај Урош, обвинети уште 3 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Вишото јавно обвинителство во Смедерево денеска поднесе обвинителен акт против Урош Б., кој е обвинет дека на 4 мај во селата Дубона и Мало Орашје убил девет, ранил 12 лица и се обидел да убие уште 20 лица.

Покрај Урош Б., на обвинителниот акт се и неговиот татко Радиша Б., вујко Горан Г. и братот на вујкото Борис Г. од Крагуевац, се вели во соопштението на обвинителството.

Урош Б. се товари за кривичните дела тешко убиство во врска со кривичните дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, киднапирање и неовластено користење туѓо возило.

Неговиот татко Радиша Б. се товари за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и тешко кривично дело против општата безбедност. За кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи обвинети се Горан Г. и Борис Г.

Обвинението е доставено до Вишиот суд во Смедерево за одлучување за потврдување со предлог за продолжување на притворот на обвинетите.

Со оглед на тоа што Урош Б. во моментот на извршување на делото сè уште немал 21 година, не може да му се изрече доживотен затвор, но максималната можна казна е 20 години, што обвинителството го предложи во обвинителниот акт. Обвинителството предложи неговиот татко да биде осуден на 20 години затвор, а Горан Г. и Борис Г. на по шест години затвор.

Слични содржини