Вчера во Скопје беше оддржан протестен собир на Здружението за едукативен развој „Еквалис“ за солидарност со граѓаните на Србија. Собирот на кој присуствувале 15-лица се одржал пред Амбасадата на Србија во Скопје. Од „Еквалис“ истакнуваат дека протестно застанале во солидарност со српските студенти кои ги блокираат факултетите, барајќи правда, демократија и санкционирање на корупцијата во државата.
-Со овој протест се приклучуваме кон следните барања на студент(к)ите од Нови Сад што ќе ги прочитаме и пред Амбасадата на Србија во Скопје:
1. Објавување на комплетната документација поврзана со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад
2. Кривично гонење и спроведување на кривични постапки против правните и физички лица одговорни за рушењето на настрешницата во Нови Сад, во согласност со законот
3. Оставки и утврдување кривична одговорност на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ
4. Кривично гонење и спроведување на кривични постапки против сите лица одговорни за напади врз учениц(чк)ите, студент(к)ите и граѓан(к)ите вклучените во мирните демонстрации
5. Кривично гонење и спроведување на кривични постапки против полициските службеници одговорни за нападите и нанесување повреди на Илија Костиќ, стои во соопштението на Здружението на социјалните мрежи.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад денес поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои е поранешниот министер за транспорт, Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за железнички сообраќај Анита Димоска, поранешната министерка и директорите на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан. Тие се обвинети за тешко дело против општата безбедност, во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.
Останатите обвинети се проектантите и лица задолжени за ревизија и техничка контрола, како и за изведба и надзор на проектот.
Обвинението е доставено до Вишиот суд во Нови Сад, за краток временски период да се потврди обвинението и побаран е притвор на сите кои се бранат од слобода-Горан Весиќ, Анита Димоски и Јелена Танасковиќ.
Падот на настрешницата предизвика големо незадоволство, протести и блокади на речиси сите факултетите во Србија кои продолжуваат и денес, а едно од барањата на студентите е овој случај да биде целосно истражен, да им се суди на сите одговорни, како и транспарентноста на работата на обвинителството поврзано со 1000-та писма упатени до врховната јавна обвинителка Загорка Доловац.