„Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата нема да го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш. Целта не е да казнуваме туку компаниите кои доброволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доброволно да ги исполнуваат, затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги исполнуваат, а потоа престануваат да ги исполуваат тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број на вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување, постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите“, истакна денеска министерот Александар Николоски.