СЈО денеска речиси сите одлуки на Кривичниот совет ќе ги обжали пред Апелацискиот суд.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги отфрли предлозите на СЈО за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., за случаите во јавноста познати како „Таргет“ и „Титаник“.
Како што се вели во денешното соопштение, на С.М., Г.Г. и Н.Н. и Н.Б. и Е.Џ., им се определуваат мерки на претпазливост – еднаш неделно да се јавуваат на надлежно службено лице во судот и привремено им се одземени пасошите и забрана за издавање нова патна исправа, додека за обвинетиот Т.Ј. – обврска еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.
Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен на 30.06.2017 година, откако одлуките ќе бидат писмено изработени и доставени до странките, јавноста ќе биде известена во текот на денешниот ден.
Ивица Стефановски и Горан Бошевски се судиите кои одлучуваа по барањата за притвор поднесени од Специјалното јавно обвинителство за случаите „Титаник“ и „Таргет и Тврдина“. Стефановски е судијата којшто не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“.
Кај Бошевски веќе се предметите „Транспортер“, „Трезор“ и „Тенк“.
Стефановски во јавноста стана познат по случајот „Монструм“ и судењето на Јован Вранишковски којшто во домашните и меѓународни извештаи за човековите права имаше третман на полички затвореник и ги отвори прашањата со религиските слободи во земјава.
СЈО денеска речиси сите одлуки на Кривичниот совет ќе ги обжали пред Апелацискиот суд.