Министерството за култура со Годишната програма го финансиски ја поддржа организацијата „Скопје Џез Фестивал“, која го организира фестивало „OFF Fest“ и Скопскиот Џез фестивал со над пет милиони денари, како што тоа го прави со годинин наназад. Сепак и покрај тоа, организаторот, „Скопје Џез Фестивал“ се одлучи да го откаже „OFF Fest“ бидејќи не добиле доволно средства.
Оваа организација низ годините редовно добивала и добива средства од државата за организација на OFF Fest и на Скопскиот Џез фестивал, како манифестации од важно значење за државата. Сепак после повеќедецениско постоење на фестивалите, за очекување е нивното финансирање да стане независно и да може да обезбедува доволно средства од продажба на билети и приватни спонзорства.
Стекнувањето на реноме, какво што имаат „OFF Fest“ и Скопскиот Џез фестивал значат и полесно обезбедување на спонзорства, а дополнително кон финансиска независност на фестивалот придонесуваат и билетите за овие два фестивали, чија цена е значително повисока од останатите манифестации кои добиваат поддршка од Министерството за култура.
Организација која редовно добива најголеми средства од министерството, да се жали и откажува фестивал поради помала сума од очекувањата е непочитување на останатите културни работници во државата, кои исто така придонесуваат за развојот на културата и културната сцена во земјава.
Наместо откажување, останатите културни работници кои се одбиени од конкурсот на Министерството за култура или добиле помали средства од тоа што очекуваат, се зафаќаат со работа и ги организираат манифестациите со сопствени средства, преку спонзорства и продажба на билети, а не ја напуштаат идејата и манифестацијата.
На тој начин се покажува дека грижата за културата и изградената манифестација е повеќе од само бизис и начин за лесно стигнување до средства.