Офицер на француската армија откри: Нашата земја се подготвува за војна – еве како!?

од desk2
100 прегледи

Наредени околу компјутери, дваесетина Французи на дваесетина години седум часа удираат френетично по тастатурата.

Целта беше јасна: да се елиминираат вирусот кој ги парализирана системите на владината агенција за заштита на животната средина. “Мисијата е извршена! Тие го направија она што се бараше од нив – да анализираат, идентификуваат, а потоа да развијат код, кој ќе ги уништи вирусот”, вели Патрис, офицер од француската армија, кој врбуваа потенцијални регрути за центар за сајбер одбрана во западна Франција.

Обуката е едно од десетината реализирани во земјата од 20 до 31 март во кои учествуваа околи 240 лица од 12 елитни технички средни училишта, во согласност со планот за создавање на армија од талентирани кибершпиони за спротивставување на обидите за дигитална дестабилизација.

Властите сакаат нив да ги подготвени да се справат со сајбер војните, чија цел може да стане цивилната инфраструктура, но и водоводната или електричната мрежа, телекомуникациите и транспортот.

Од нив ќе се очекува исто така да ја бранат самата француска демократија предвид тврдењата дека Русија се вмешала во минатогодишните претседателски избори во САД.

Сајбер одбраната стана еден од приоритетите на националната безбедност на Франција, откако Русија, Кина и Иран, некои криминални организации и дури сојузници го оптимизираат компјутерскиот потенцијал. “Заканата ќе расте. Фреквенцијата и комплексноста на нападите постојано се зголемуваат”, изјави во декември минатата година францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, откако најави отворањето на новата команда на кибероперациите.

“Следниот предизвик за сајбер одбраната ќе е не само да се одговори на нападите, туку и да се продолжате воените операции при сајбер напади, додека го користиме сајберпросторот за спроведување на наши сопствени контраоперации”, рече тој. До 2019 година во “четвртиот род војници”, како што веќе го нарекуваат киберсилите, ќе бидат инвестирани првично 1 милијарда евра.

Целта е дотогаш да бидат подготвени 3200 кибервојници, при едвај 100 пред шест години. Уште 4,400 резервисти ќе биде на располагање во случај на потреба. Во пребарувањрето на златни грутки Во Сесон Севиние, центар на француската сајбер одбраната, дваесетти почетници кибервојници знаат дека тоа може да е можност да се брани својата татковина.

Тие се подложени на интензивни тренинзи по различни задачи – од справување со базични напори за пенетрација низ изложеност на ризик на системот до целосно губење на контрола врз мрежата. “Ова е навистина можност да наидеме на златни грутки”, вели Ерик – полковник, шеф на оперативната алка во командниот центар за сајбер одбраната на армијата.

Според француските воени правила на офицерите не им е дозволено да го објаватсемејното име. Годишниот тренинг, кој се спроведува од 2013 година, дал можност на Франција да вработи 35 проценти од потребните нејзиното резервисти. Во архивата се повеќе студенти кои бараат работа со полно работно време со стартна плата од 3.000 евра месечно.

“Бараме млади луѓе кои сакаат да истражуваат нови работи и покажуваат особена љубопитност во областа на дигиталниот свет”, вели Стефан, командант нот оддењл што обучува околу 1.000 луѓе годишно.

Од другата страна на Атлантикот лебди загриженоста дека американската Агенција за национална безбедност е загрозена од одлив на мозоци меѓу хакерите и кибершпионите поради бурна реорганизација во службите и тревога од заладените односи меѓу разузнавачката заедница и претседателот Доналд Трамп.

Високи претставници на сајбер безбедноста во САД изјавија за Ројтерс дека од доаѓањето на Трамп на власт на 20 јануари се забележува нагласено зголемување на бројот на соработниците во американското разузнавање или оние кои работат за владата, кои бараат работа во приватниот сектор.

Меѓу француските потенцијални регрути е Давид – дипломиран инженер кој е на 30 години и е премногу стар за да влезе во армијата. Тој вели дека не е којзнае колку тешко да одлучиш дека треба да се запишеш за киберобука за да им помогнеш на својата земја.

“Во иднина ќе се соочуваме со повеќе сајбер напади, наместо со фиксната. Армијата ќе има потреба од копнени сили, но ќе има потреба и од луѓе како нас за логистика и техничкиот дел, па ние ќе сме на линија да им помагаме да вршат мисии “, додава тој.