Официјален крај: Северина и Игор Којиќ се разведоа

од Vladimir Zorba

Пејачката Северина и фудбалскиот менаџер Игор Којиќ дефинитивно ставија крај на бракот, а вчера потпишаа и документи за развод.

Според српските медиуми, консензуалниот развод е официјализиран во судот во Загреб. На 12 август, поранешната двојка поднесе барање за развод.

Наводно, ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетникот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.

Да потсетиме, двојката се венча во црква кон крајот на септември 2015 година во Истра, по што следеше гламурозна венчавка во Белград.

Иако важеа за хармоничен пар, јавноста шпекулираше дека тие влегле во брачна заедница заради лични интереси.

Во секој случај, познато е дека веќе со месеци Северина и Игор дури и не живеат под ист покрив, туку водат одвоени животи.

Слични содржини