Принцезата Шарлот вчера наполни четири години. По тој повод нејзините родители – британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт споделија три нови слики на ќерка си, пренесоа американските медиуми.
Фотографиите беа снимени од Кејт во април во Кенсингтон Палас во Лондон и во домот на Норфолк.
Шарлот е четврта на листата за Наследство на британската круна по нејзиниот дедо принцот Чарлс, таткото принцот Вилијам и нејзиниот брат принцот Џорџ, кој е на 5 годинки. Шарлот има и помал брат – принцот Луј, кој на 23 април ќе наполни 1 годинка.
Видете ги фотографиите во нашата галерија.