Неколку дена пред отворањето на пазарот, Барселона и Манчестер Сити го финализираа договорот според кој Феран Торес го напушти англискиот шампион за да се пресели на „Камп Ноу“. Според информациите, Шпанците ќе платат 55 милиони евра, а уште 10 милиони се поставени како клаузули.
Договорот на Феран е до летото 2027 година. Дополнително, Барса му постави откупна клаузула од 1 милијарда евра, практика која е се почеста во последно време. Договорите на Педри и Ансу Фати имаат иста клаузула.
Трансферот е солиден за Барселона, која е растргната од финансиски проблеми, поради кои пред неколку месеци дури мораше да се откаже од Лионел Меси.
21-годишниот офанзивец е дете на Валенсија, од каде што „граѓаните“ го зедоа за 23 милиони евра во летото 2020.
Од „Етихад“ си заминува со една титула и еден Лига куп на своја сметка.