191
Уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани и официјално е играч на Валенсија. 35-годишниот напаѓач пристигна на „Местаља“ како слободен играч и потпиша договор на две сезони.
Кавани последен пат играше за Манчестер Јунајтед. Договорот на Уругваецот истече летото и не беше обновен. Поранешната ѕвезда на Данубио, Палермо, Наполи и Пари Сен Жермен одби голем број понуди пред на крајот да ја избере Валенсија.
Блиску до договор со Кавани беше и Виљареал, но искусниот Уругваец претпочиташе да им се приклучи на „лилјаците“, каде тренер е Џенаро Гатузо.