Официјално: Пиоли потпиша со Милан до 2023 година

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли и официјално го продолжи договорот со „росонерите“ до 2023 година.

Претходната соработка на 56-годишниот стратег и клубот од „Сан Сиро“ истекуваше следното лето, но сега е продолжена на уште една сезона, со можност да продолжи до 2024 година.

Директорот на Милан, Паоло Малдини не го криеше задоволството од зделката.

„Задоволен сум што ќе продолжиме по патот кој го започнавме и кој дава резултати. Истото се надевам и во иднина. Нашата цел е да изградиме тим способен да се натпреварува на највисоко ниво секоја сезона“, изјави Малдини.

Пиоли успешно ги води „росонерите“ од октомври 2019. Минатата сезона го освои второто место во Серија „А“ и го врати тимот во Лигата на шампионите.

По 13. коло од оваа сезона во првенството, Милан е лидер со 32 бода, исто колку и Наполи.

Слични содржини