Официјално потврдена одлуката на Меган и Хари за која долго се шушкаше

Војводата и војводката од Сасекс овогодинешните божиќни празници нема да ги поминат во друштво на Кралицата и останатите членови на кралското семејство во Бакингемската палата.

Тоа било потврдено за британските медиуми од страна на потпаролот на палатата, кој открил дека Меган и Хари заедно со синот Арчи, празниците ќе ги поминат на непозната локација заедно со мајката на Меган, Дорија Регланд.

За тоа во јавноста се шушкаше веќе некое време, е веста била потврдена вчера. Исто така интересно е дека ни самата кралица Елизабета не била запознаена со плановите на нејзиниот внук.

“Во последните две години Божиќ го поминуваа во Сандрингам, оваа година празниците ќе ги поминат со мајката на војвотката. Оваа одлука е во согласност со претходните преседани на членовите на кралското семејство и ја има поддршката на кралицата. Од безбедносни причини, други детали засега нема да бидат откриени”, рекол портпаролот.

Слични содржини