155
Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс, потпиша нов договор со клубот до 2027 година.
Еден од најдобрите англиски крилни играчи, сега прекомандуван на стопер, има опција да го продолжи новиот договор на уште една година.
Новото партнерство го прави најплатениот дефанзивец во историјата на Челси бидејќи ќе инкасира 250.000 фунти неделно.
Рис Џејмс е во клубот од својата шеста година. Беше на позајмица во Виган, а после тоа, покажувајќи брилијантни игри, се врати на „Стемфорд Бриџ“ и дебитираше во 2019 година за првиот тим.
Тој ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2021 година.