ПСЖ го сака капитенот на Челзи

од Симе Стоиков

Пари Сен Жермен се појави како потенцијален купувач на капитенот на Челзи, Рис Џејмс.

Според британските медиуми, челниците на ПСЖ одржале средба со Џејмс за време на неговиот неодамнешен престој во Франција.

Честите повреди на Џејмс ги натераа челниците на Челзи да размислуваат за продажба на капитенот.

Како што понатаму се наведува, голема е веројатноста репрезентативецот на Англија да остане во Челзи, но тој не е единственото прашање во целата приказна.

Челзи во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да продаде неколку играчи за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј.

„Сините“ мора да заработат 116 милиони евра за да избегнат санкции.

Слични содржини