Рома го финализира трансферот на Крис Смолинг. Официјалната веб-страница на „волците“ го
потврди привлекувањето на 28-годишниот дефанзивец, кој доаѓа на заем од Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ ќе добијат 3 милиони евра, а договорот не вклучува опција за откуп.

„Ова е прекрасна можност да ги испробам силите во ново првенство, со екипа на еден голем клуб.
Знам дека Рома си поставија високи цели. Токму тоа ми требаше. Се надевам дека ќе бидам
корисен и со нетрпение очекувам да ги сретнам моите нови соиграчи“, рече Смолинг.
29-годишниот играч му се придружи на Јунајтед од Фулам во 2010 година и има забележано повеќе
од 300 натпревари за клубот, освојувајќи два трофеи од во Премиер лигата и во Лига Европа.
Во Рома, тој се очекува да го замени продадениот на Наполи, Костас Манолас.
Смолинг го избра дресот со број 6.