Официјално: Руското „чудо од дете“ било допингувано! Сонародниците и ја укинаа суспензијата, Судот во Лозана ќе пресече

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Руското „чудо од дете“, Камила Валиева (15) дефинитивно имала забранета супстанца (триметазидин) во нејзиниот примерок, која беше пронајдена по екипното натпреварување во уметничко лизгање, каде Русија го освои златото со историскиот скок на Валиева.

Ден подоцна, лабораторијата во Шведска, која е лиценцирана од Меѓународниот олимписки комитет, ги објави резултатите врз основа на земените примероци, па на Валиева и на Русите не им беа доделени медали. Утврдено е дека руската лизгачка користела лек кој е на листата на забранети, а кој се користи за лекување на срцеви заболувања.

Руската антидопинг агенција ја укина автоматската суспензија на Валиева, која се доделува во такви случаи.

МОК не може официјално да ги објави резултатите, бидејќи таа е заштитена поради нејзината возраст и нејзините информации, што се однесува до МОК, мора да останат тајна.

Сепак, МОК поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, кој ќе донесе одлука за укинување на суспензијата на Валиева.

Засега таа се подготвува за продолжението на натпреварувањето во поединечна конкуренција, кое на програмата е на 15 февруари на Зимските олимписки игри.

За време на својот настап, Валиева направи четирикратно вртење, со што стана првата жена во историјата што направила такво нешто. Сепак, тој резултат ќе падне во вода доколку Судот за спортска арбитража ја потврди суспензијата поради пад на допинг тест.

Слични содржини