Левиот бек Тео Ернандез официјално се пресели од Реал Мадрид во Милан, откако договорот со
неговиот нов клуб беше депониран во Серија „А“.

21-годишниот Французин ги помина медицинските прегледи во понеделникот, но „росонерите“ сè
уште не го објавија како свој играч.
Сепак, стана јасно дека неговиот 5-годишен договор минатата ноќ е регистриран во италијанскиот
шампионат, кој се појави онлајн утрово.
Неговите финансиски параметри не се познати, но се потврдува дека договорот е за трансфер, а не
за наем.
Се верува дека е за сума од околу 20 милиони евра.