Шпанскиот фудбалер Адам Траоре и официјално повторно е член на Барселона, потврди каталонскиот клуб.
Станува збор за позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за 30 милиони евра.
Траоре порасна во Барселона, од каде по четири официјални настапи замина во Астон Вила во 2015 година за 10 милиони евра.
Патот потоа го одведе преку Мидлсброу до Вулверхемптон, каде што ја одигра сезоната на кариерата 2019/20, кога постигна четири гола и додаде девет асистенции во Премиер лигата.
Се очекуваше и тогаш да направи голем трансфер, но тоа не се случи.
Следуваше пад на формата, кој продолжи и оваа сезона, при што има само еден гол на своето конто.
Во овој преоден рок често се споменуваше негов трансфер во Тотенхем, каде по се изгледа одлично би се вклопил во системот на Конте.
Тој наводно ја одбил понудата на Тотенхем од 120.000 евра неделно, додека во Барселона ќе заработува „само“ 15.000.
Adama 2.0#MadeInLaMasia pic.twitter.com/KQHwsRusWs
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) January 29, 2022