Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој е на чело на „топџиите“ веќе речиси 22 години, ќе го напушти клубот по крајот на сезоната, иако има договор за уште една година. Шеесет и осум-годишниот Французин сам ја објави одлуката, преку специјално обраќање објавено на клупскиот сајт.
„По темелно размислување и разговори со клубот решив дека е вистинскиот момент за мене да се повлечам по крајот на сезоната. Благодарен сум дека ја имав привилегијата да служам на овој клуб во текот на толку многу незаборавни години. Раководев со клубот со сета своја посветеност и искреност. Сакам да им се заблагодарам на штабот, играчите, одборот на директори и навивачите кои го направија Арсенал толку посебен клуб. Ги повикувам приврзаниците да продолжат да го поддржуваат тимот до крајот на сезоната, за да ја завршиме на најдобар можен начин. Сите кои го сакаат Арсенал, да ги сочуваат вредностите кои ги исповеда овој клуб. Ја имате мојата љубов и поддршка засекогаш“, напиша Арсен Венгер, цитиран од клубот