Огнен говор на Ердоган пред изборите: „Ќе ја закопаме про-ЛГБТ опозицијата“

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја нарече опозицијата „про-ЛГБТ“ на митингот во Истанбул во неделата, засилувајќи ја реториката против неговите противници седум дена пред изборите кои се очекуваат да бидат тесни.

Во Турција на 14 мај треба да се одржат претседателски и парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека Ердоган се соочува со најголемиот изборен предизвик во неговата дведецениска власт.

На митингот во Истанбул, претседателот упати апел до неговата конзервативна муслиманска гласачка база, пренесува „Хина“.

„Партијата АКП и другите партии во нашиот сојуз никогаш не би биле про-ЛГБТ, бидејќи семејството е свето за нас. Ќе ги закопаме оние кои се про-ЛГБТ во гласачките кутии“, ѝ рече тој на толпата.

Ердоган во последните години ја заостри реториката против ЛГБТ заедницата, често нарекувајќи ги членовите „девијантни“.

Слични содржини