„Огнените“ бараат учество во работната група за уставните измени

од Vladimir Zorba
131 прегледи

„Огнената група“, која функционира како фракција во рамките на ДУИ, денеска побара да учествува во работната група за уставните измени, за која утре истекува рокот политичките партии да номинираат свои претставници.

„Сакајќи во овој процес да имаме активна, а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети“, се вели во соопштението.

Слични содржини