„Огнените“ од ДУИ ќе делуваат како фракција

од Nikola Popovski
183 прегледи

„Огнената група“ во иднина ќе делува како фракција во ДУИ. Ова денеска го истакнаа дел од политичарите и функционери кои се дел од оваа група.

-Демократски чин е изразувањето посебно мислење и функционирањето како посебна група во рамките на нашата партија. За жал три години поред алармираме дека не се почитува статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела. Денеска стоиме пред вас како фракција и дека ќе бидеме неоспорниот глас на потребите и барањата на сите Албанци и дека оваа наша заложба нема да престане. За нас, гласот на народот е над се, затоа што ова е гласот на вистинскиот разум, изјавија „Огнените“ на денешната прес-конференција.

Според нив, ДУИ е нивен дом, но постојат двојни стандарди.

-Нашиот предлог за гласање доверба на министрите на највисокото партиско тело беше одбиен. Сакаме да информираме дека органите на ДУИ не функционираат според статутот. Ги повикуваме сите да не поддржат на овој пат, додаваат од таму.

Поранешниот градоначалник на Чаир и предводник на „Огнените“ Изет Меџити порача дека лидерот на партијата, Али Ахмети „ги молел најмалку 10 пати да формираат фракција, но дека сега дошол моментот“.

-Голем дел од членството и половина од тесното претседателство, според анкетите, даваат поддршка на нашите ставови. Сега се појави потребата за вакво нешто, истакна Меџити.

Слични содржини