168
Доцна синоќа изгаснат е пожарот што зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен биле екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад. Им се придружиле и екипите на ТППЕ Кочани, ТППЕ Делчево и ТППЕ Виница, како и ТППЕ Струмица.
„Пожарот е локализиран. Дел од летната тераса е зафатена, не е дозволено да се прошири пожарот на хотелот, на собите. Мислам дека има голема материјална штета, но спречено е да не се прошири пожарот на хотелот“ изјави командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Во пожарот, според информациите добиени од пожарникарите, изгорена е летната тераса, а огнот настанал од скарата во ресторанот.
Нема информации за повредени лица.