Една публикација во руското списание “Огонок” од 17 октомври го привлече вниманието врз тајните параграфи во рускиот државен буџет. Станува збор за обемно интервју со експертот за воена економија Василиј Зацепин од Институтот за економска политика “Е. Гајдар “.

Во владиниот проект за измени во државниот буџет за оваа година тајните параграфи се зголемени со 678 милијарди рубљи (речиси 10 милијарди долари). Се претпоставува дека за 2017 година “затворените трошоци” да изнесуваат 18% од буџетот.
Воените трошоци на Русија го достигнаа максимумот за постсоветското време – 3,9 трилиони рубљи или 23,87% од федералниот буџет. Тоа изнесува 4,7% од БДП (САД – 3,1%, Кина – 1,68%).
Самото руско Министерство за финансии предлага во следниот буџет да бидат зголемени безбедносните ставовие, како прераспределба на трошоците во корист на безбедносните служби и не се дискутира дури од министрите.
Василиј Зацепин ја објаснува ситуацијата со потребата државата да се раздолжи со банките за кредитите дадени на одбранбените претпријатија под гаранции на државата. Кога во 2010 година се лансираше Државната програма за вооружување, барел нафта чинеше 120 долари. Потоа во 2013 година настана шемата за државно-банкарски кредити што се распадна по санкциите од Западот, вклучувајќи и финансиски.
Во интерес на вистината многу вработени во МФ биле против.
Одбранбените претпријатија беа подјаремот да ги вратат кредитите, употребени за производство-конструкторска активност, иако производите уште не беа во масовно производство, не се продаваа и од нив не се победува.
Прашањето е од каде да се земат наведените веќе 678 милијарди рубљи. На прво место за сметка на финансирање на државни програми “Развој на транспортни системи”, “Социјална поддршка на граѓаните”, програми за социјално-економски развој на регионите и други. Другите 300 милијарди ќе се за сметка на зголемување на буџетскиот дефицит (по искуството и примерот на САД), кој сега сочинува 3,6% од БДП.
Според Василиј Зацепин, економскиот развој застанал не само заради паднатите цени на нафтата или западните санкции. Само воените трошоци пораснале толку и почнале да даваат можност да ја забави економијата. Ако основните пари одат во одбрана, за инвестиции во граѓанските индустрии не останува ништо. Затоа владата има намера да поднесе проект за тригодишен државен буџет од следната година намален за 1 трилион рубљи – потегот се оценува како точен, но задоцнет.
На пример од 2005 година до 2013 година процентот на тајните параграфие во државниот буџет се зголемил од 11,3% на 16,4%. Министерот за финансии Антон Силуанов постојано настојувал за потекло на воените трошоци, како на пример во јуни нудел да бидат пуштени 3 трилиони рубљи. А премиерот Дмитриј Медведев во април 2015 година рекол: “Неопходно е да се намалат трошоците за одбрана и безбедноста пред заканата за исцрпување на резервниот фонд”.
Ситуацијата впечатлива потсетува на последните три години од постоењето на СССР. Од 1989 до 1991 година, кога воените трошоци се зголемиле од 77,3 на 120 милијарди рубљи, односно до 36%. И ова е по падот на цените на нафтата во 1986 година.
Механизмите на државната тајна во сегашната форма се брани не толку со државните интереси, како со интересите на корупционерите. Впрочем Владимир Путин во 2012 година напиша во “Россијскаја газета”: прекумерна тајност води до намалена конкуренција, до пораст на цените на военото производство кои оди не за модернизација на производството, а во џебовите на одделни претприемачи и чиновници. Како тоа го нарече Путин, така се и доби. Економската ситуација во Русија е исклучително сериозна и не јасно како ќе се излезе од неа.