98
Утринава бил ограбен хотел во центарот на Скопје. Според пријавата, две лица со закана со остар предмет кон вработениот на рецепцијата одзеле пари, по што го напуштиле местото на настанот.
Полицијата засега не открива колку пари биле одземени.
-На 22.04.2025 во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во хотел на подрачје на Центар во Скопје, две лица со закана со остар предмет кон вработениот одзеле пари од рецепцијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, стои во билтенот на МВР.