Ограбена обложувалница во Скопје

од Nikola Popovski
643 прегледи

Доцна синоќа била ограбена обложувалница во Скопје, стои во полицискиот билтен.

Според МВР, во 23.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Бит Пазар, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од полицијата.