Ограбени две цркви во пехчевско

од Nikola Popovski

Полицијата соопшти дека биле извршени две кражби на цркви во пехчевско.

Ограбени се црквите во селата Панчарево и Црник, а во паначарево, според информации на жители на селото, украден е и автомобил пежо 206.

МВР информира дека според тврдењето на жителите на Панчарево непознати сторители влегувале и одземале пари од црквата, од почетокот на јануари до 22 февруари кога е регистрирана самата пријава за кражба.

– Слична пријава за кражба имаме и за селото Црник каде жителите се сомневаат дека кражбата се случила помеѓу 20 и 22 февруари 2022, додадоа од полицијата, а се соопштува дека потрагата по сторителите продолжува, а засега нема осомничени и информација колкава сума на пари е украдена од двете цркви.

Слични содржини