Ограбиле возило во два по полноќ, полицијата ги фати

од Nikola Popovski
24 прегледи

На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.

Веднаш по добиена пријава околу 02.35 часот дека две лица извршиле тешка кражба од патничко возило на територија на Карпош, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а кај нив се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини