Ограничувањата на банкоматите во Грција не се однесуваат за туристи

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Ограничувањето за повлекување на пари во кеш од грчките банкомати нема да се однесува за туристите, се вели во соопштението на грчката влада, објавено во понеделникот и цитирано од агенциите. Претходно  Министерство за надворешни работи  од земјите во регионот ги предупредија сите граѓани кои патуваат во Грција, за можни финансиски проблеми.

Според соопштението на грчката влада, цитирано од агенциите “рестриктивните мерки на движење на капиталот нема да влијаат на оние кои сакаат да повлечат пари од банкомат, ако користат дебитни или кредитни картички издадени надвор од границите на Грција”.

Но, од денеска  до крајот на неделата  банкоматите во Грција нема да работат.На седницата на кабинетот е договорен дневниот лимит за влечење од грчките банкомати, откако ќе бидат пуштени во вторник . Во претходниот предлог, цитирано од РИА “Новости” се посочуваше износот 60 евра на ден за носител на сметка во грчка банка.

Во неделата премиерот Алексис Ципрас соопшти дека одлуката на Еврогрупата за откажување од продолжување со неколку дена на програмата за помош “доведе до тоа, ЕЦБ да не се подигне ликвидноста на грчките банки и принудија банката на Грција да предложи прекин на работата на банките и мерки за ограничување на банкарските преводи “.