Охриѓанец со решение за самоизолација истепал сограѓанин на улица

од Nikola Popovski

Охриѓанец во самоизолација излегол од дома и со автомобил му го попречил патот на сограѓанин,  кого го претепал и му се заканил дека ќе го убие, информираше полицијата.

-На 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена  мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против напаѓаќот ќе биде поднесена соодветна пријава

Слични содржини