На 27.05.2022 во 23.10 часот во СВР Охрид приведен е М.Р.(23) од Охрид.Тој претходно, на бул.„Туристичка“ во Охрид, кога забележал полициски службеници, исфрлил кутија во која имало две пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега, соопштија од МВР.
Дрогата е одземена, а по целосно документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.