Охриѓанец нападнал вработен во Итната медицинска помош

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Вчера во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид.

Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал вработен во Здравствениот дом.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини