ОЈО демантира: Исклучена е можноста за истрага за модуларните болници без соодветна документација и без докази

од Nikola Popovski
308 прегледи

Во врска со објавениот текст на интернет страницата на Слободен печат, со наслов „ Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници“, во кој се објавува дезинформација, во интерес на вистината Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има должност да ја информира јавноста.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соопштението со наслов „ Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ја истражува јавната набавка за изградба на модуларните болници“ од 10.9.2021 година. Во тоа соопштение Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека е отворен предмет по допрен глас и е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болница од Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика.

Со оглед дека истражната постапка се темели на докази, а документацијата се уште не е прибрана, исклучена е можноста обвинителството да донесе одлука за истрага без соодветна документација и без докази. Дејствијата што во моментов ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се дел од предистражна постапка и се со цел проверка на спроведувањето и реализацијата на јавната набавка за изградба на модуларните болници. Врз основа на резултатите што ќе произлезат од предистражната постапка, јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката, односно дали ќе донесе Наредба за спроведување на истражна постапка или ќе ја затвори предистражната постапка, за што јавноста ќе биде навремено информирана, велат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство ја побара од Министерството за здравство целокупната документација за градбата на модуларната болница во Тетово која на 8 септември целосно изгоре во пожар при што загинаа 14 лица.

Од болницата во Тетово, пак, се побарани податоци дали има изготвено елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, како и да се достави планот за електрична инсталација на модуларната болница.

Слични содржини